Сабрина де Канио (Sabrina De Canio, Пјаченца Италија) е наградувана и мешународно призната поетеса, професорка по литература, преведувачка и кодиректорка на Малиот музеј на поезијата „Сан Кристофер“, Пјаченца, единствениот од овј вид во светот. Нејзината билингвална книга “Libera nos a malo” (Deliver us from evil) која беше наградена во Камајоре, Италија е обајевна во 2020 година.



КОЛЕКЦИОНЕР
 
Те сонував вчера
задоволен беше
ги броеше гласовите кои си ги
фатил
ти – сонувач на сенки
Ти – магепсан од пердуви.
Ти се натпреваруваш со времето,
Ти го правиш тоа со ронки плута,
ох, толку лесно,
ги подредуваш емоциите
како волшебни светла во ноќта.
И јас ја населувам исто така
оваа мрежа од божиќни светилки
додека ти ги испорачуваш гласовите
на двете страни од границата.
 
Препев од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation from English  into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska