Санкар Саркер е индиски автор. Едноставноста е клучна за неговата креативност збогатена со естетика, наука како и митска и емпириска философија. Тој е автор на A New Philosophical Classic: Theory of Love, I love you, Why? Am I only Bastard?, Wings Of Rhythm, Rhythm (во коавторство), A Triangle of Love (во коавторство со д-р Џенет Паскул (Филипини) и Мајкл Форестер (Велика Британија)), Ekoi Britte (збирка поезија на бенгалски јазик), Tumi Keman Achho (збирка поезија на бенгалски јазик), Handful of Dust, како и Dandelion Cadence (во коавторство). Тој е автор на Besides, и уредник на литературното списание BUBBLE, кое се објавува на англиски јазик. Уредник е и на Bridge, антологија на поетски творби од поети од Истокот и Западот, објавена во 2020. Тој ја има добиено и наградата  BANGAGOURAB во 2016 од Кара Кабар.


ОДА ЗА ЕСТЕТИЗМОТ

Твојата насмевка во твојот стих се лизга милја по милја,

пловејќи како безбројни брановидни свилени рабови

Преку млечниот пат на вљубените срца разочарани од љубовта…

Безбројни бисери се капат во златното сонце

Зрачат во твојата насмевка и ги победуваат сите навреди и непријатности

со вечните бразди на љубовта

преку апстрактното око и трепетните усни на твојот стих

Тоа ме повикува кон бесконечноста на хоризонтот распрснат насекаде

Светкаат тие како парче ткаенина од златни облаци

и чучулигата на Шели во гужвањето на црните букви…

Тоа е поподвижно и почувствително од хемијата на принцезата

Тоа што им е заедничко не може ниту да се прочита ниту да се допре,

Тоа е помистериозно и  поблагопријатно отколку самата природа

и премногу романтично и космичко за да стане досадно

Нека неговата убавина слезе постепено во чистите срца

Нека неговиот волшебен допир ги разбуди душите од сон

Твојата блага насмевка без ронка лукавост и лага ме исполнува со чувства

Ме тера да го почувствувам универзумот на најубав можен начин…

Нека твојот импресивен стих го носи на себе како облека вечниот блесок на насмевката

како што небото е преплавено со неспоредливи и единствени зраци

за да биде земјата жива и за да ја заштити од злото


Препев од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation from English  into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska