Су Жу од Нов Зеланд е Кинеска поетеса, ликовна уметничка, директор на Асоцијацијата за поезија и уметност од Нов Зеланд, почесен директор на Центарот за култура и уметност САД – Кина, претставник од Нов Зеланд за италијанската “Immagine and Poesia”, коосновач на All Souls Poetry. Соработува со неколку кинески списанија и литературни здруженија како уредник и советник. Има добиено неколку награди: Poiesis – наградата на меѓународниот натпревар Рабиндранат Тагоре, втора награда во Нов Зеланд – CoCo награда за книжевност, Naji Naaman награда за книжевност (2021), the Il Meleto di Guido Gozzano – книжевната нагада (2021), а била номинирана и за Pushcart Prize (САД) во 2020 година.

НА ЌЕРКА МИ
 
Попладне, пишувам долго писмо, ти го испраќам со подарок
тебе, шеснаесетгодишна, во една далечна земја –
 
– Една внимателно избрана група јаболка од сите времиња
секое јаболко обележано според местото на потекло
 
Едно од далечниот источен рај
Едно златно јаболко, на венчавката,
што го подготвува за пукање барутот во куршумот
Едно подадено од старата жена преку прозорецот
на куќата на седумте џуџиња
Едно на часот на Сократ, што се чини дека е лажно,
Едно во теоријата на очекувањето на Врум
– кое ќе биде откинато само по силен скок
Едно испуштено од раката од безгрижниот Чарлс
само за да го разбуди замислениот Њутон
Едно ја преминува огромната Сахара
Едно расте на дрвото надвор од живата ограда во 1942,
како знак на љубов
И уште едно, од градината, што заедно го одгледавме
 
Овие јаболка со спонтана арома
прават еден единствен џем со кој ништо не може да се спореди
 
Ја придружуваат независната ти,
на едно среќно животно патување
 
 
Препев од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation from English  into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska