Хани Рувелер (Hannie Rouweler, Холандија, 1951) е поетеса и преведувачка. Нејзината поезија е инспирирана од природата, љубовта, загубата, детството и патувањата. Во 1988 дебитира со „Дождовни капки во водата“. Од тогаш има објавено 40 поетски книги, вклучувајќи ги и преводите на странски јазици (полски, романски, шпански, француски, норвешки и англиски). Нејзината поезија е преведена на околу 35 јазици. Има објавено неколку приказни и е уредник на поетски збирки.

СПРОТИ ВРЕМЕТО
 
Понекогаш копнеам
за праисториското време
кога се беше едноставно, ништо не беше големо,
се беше некако срамежливо
утрото, попладнето, вечерта,
си ја работев работата, си го возев детето на велосипедот
и живеев во Амстердам
 
животот беше парталав и лит и можеше се да оставиш
и никој не се заморуваше со тоа
да го подигне
постоеше некаква раскош во мирот и безвременоста
некој вид на безгрижност
помеѓу еден миг и друг
кој поминува како пловечка куќа во канал
што излегува од кејот
и испловува под бројни мостови.
 
Така сакам да си го вратам денот
во моите раце
да втиснам три дебели бакнежи на него
за мир, толеранција, занесеност во животот.
 
Препев од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation from English  into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska