Хусто Хорхе Падрон (Justo Jorge Padron) (1943 – 2021)  бил  генерален секретар на Шпанскиот ПЕН клуб од 1983 до 1993 година, основач и главен уредник на меѓународното повеќејазично списание за поезија ‘Екиваленсијас’ од 1982 до 1994 година и директор на Меѓународниот фестивал за поезија во Лас Палмас де Гран Канарија од 1992 до 2002 година. Тој е несомнено шпански поет со најголемо меѓународно признание во последните децении. Неговата поезија е преведена на педесет јазици, а објавени му се стотина книги на странски јазици. Добитник е на многубројни  меѓународни награди и признанија во целиот свет меѓу кои, за воаа прилика, ги истакнуваме: Меѓународната награда на Шведската академија, 1972 год.;  Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Македонија, 1990 год., и Европската награда за поезија на Карамановите средби (2019). Автор е на триесетина поетски книги и избори. Преведен е на дваесетина јазици.

БАКЛАВА

на Матеја Матевски


Од еден чудесен ориент од цитри и свили,

слегува со волшебни килими

од кори, најблагиот збор од споменот.

Во ушиве ми кружи нејзиниот небесен ѕвон

од маѓепсан шербет, од цимет

што го дише во воздухот заносниот мед.

Леењето се претвора во златен танц,

фасцинација од дини, наслада

што опива со своето молскавично име:

Баклава! Наеднаш устата извор станува,

звучен кораб, песна, маѓепсани арпеѓа

што ме носат по блескотни реки,

а ѕвездите летаат како весели пчелки во седумте сетила на еден блажен свет.