Адел Козам (Adel Khozam) е поет од Обединетите Арапски Емирати и неделен колумнист. Неговите песни се преведени на неколку јазици. Неговиот роман со наслов “Life in Third Eye” којшто е преведен на англиски јазик има добиено Златен медал за литература. Објавил 15 книги поезија, проза, мудрости и уметност. Има компонирано неколку композиции за театарски претстави и телевизиски емисии и има добиено повеќе пати музички награди од фестивалот за детски театар Шарјах (Sharjah Festival of Child Theatre).


ПРЕОДНА ЉУБОВ

Судбината што нѐ спои

нѐ подели во собата

Патуваше во нашите манири

како лоша крв

побунета

и беше фрлена назад

и се скрши кога се гушнавме

Бевме пар ножици

и една флека од крв

направена од непознат нож

Еден бакнеж кој најпрвин беше убод

и еден обесен капитал

и еден Арабизам

Растерани од варваризмот на тишината

И помеѓу нас – огнот

И жолтото дрво на достоинството

И турканицата на празникот

И тврдоглавоста на патот

Сите тие врзани за нишката на радоста


Translated into Macedonian language by Daniela Andonovska Trajkovska
Препев од англиски: Даниела Андоновска-Трајковска