Глорија Миндок (Gloria Mindock) е уредник во Cervena Barva Press. Авторка е на 6 поетски книги, 3 малечки книги и книга за деца. Нејзината поезија е е преведена и објавена на 12 јазици. нејзината најнова книга Пепел (Glass Lyre Press)ја доби значајната меѓународна награда the NYC Big Book Award и Firebird Speak Up Talk Radio Award. Книгата е преведена на спрски јазик од Милутин Ѓуричковиќ и е објавена во Белград во 2021 год. Глорија е поетеса лауреат во Сомервил, МА во 2017 и 2018. www.gloriamindock.com



ПЕПЕЛ

Закопај ме во твоето срце.
Не заборавај.
Дури и кога ќе ја растураш мојата пепел.
Жарчиња од раце ќе истечат во ветрот.
На што ли да се придржам?


Дождот ќе ја истурка мојата пепел во земјата
и ќе ја измеша со кал.
Нагазувајќи ме, можеби некој ќе ме донесе
во својот дом на својот чевел, ќе ја избрише калта со некој партал, ќе го фрли, а потоа на ѓубре.


Само тоа сум, ѓубре!
Нека се закопа пак во непостоење!

Постои можност да бидам рециклирана.
Подоцна, можеби ќе сум дел од таа кукла
која твоето дете ја гушка.


Препев од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation from English  into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska