Елдар Акхадов (Eldar Akhadov) е руски поет, прозаист и книжевник, копретседател на Советот за литература на Здружението на Евроазија, почесен член на Друштвото на писатели на Азербејџан, член на руската гранка на интернационалниот ПЕН клуб, Друштвото на писатели на Русија и Јужноруското здружение на писатели (Украина), на Руското географско здружение. Автор е на 67 поетски и прозни книги, лауреат на  Државната книжевна награда на гувернерот на  State Literary Prize of the Governor of the Јамало-Ненецкиот автономен округ (2017), носител на индививидуален грант од Краснојарк (2008), како и Сребрено перо – Русија (2007), “For the good of the world” (двапати – 2012 и 2013), “The North is a country without borders” (два пати – 2017 и 2018). Неговите книги се обавени во Русија, САД, Мексико, Перу, Србија и Индија на руски, англиски, шпански и српски.


ОСВЕН ТИ

Ги искинав сите твои фотографии.
Но не помогна тоа. Се сеќавав на тебе.


Заминав многу далеку и никогаш не се вратив назад.
Но не помогна тоа. Се сеќавав на тебе.


Запознавав други луѓе и бев сакан.
Но не помогна тоа. Се сеќавав на тебе.


Се испијанив – како мртовец, како чевлар,
како скитник, како да сум последното суштество на земјата.
Но не помогна тоа. Се сеќавав на тебе.


Се оженив, добив деца, се вдомив.
Но не помогна тоа. Се сеќавав на тебе.

Стареам. Сѐ еродира од мојата меморија.
Сѐ. Освен ти.


Препев од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation from English  into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska