Наскоро, од печат ќе излезе првата Антологија на Караманови средби со наслов „ПЕТТО КАЛЕНДАРСКО ВРЕМЕ„.
Приредувач на оваа значајна книжевна објава е писателот Борче Панов. Во антологијата се застапени 33 значајни македонски автори, како и 28 странски најактуелни поети денес во светот, коишто прифатија во ова време на пандемија да учествуваат на Караманови средби.
Помеѓу сите овие поети застапени се и овогодинашните лауреати – носители на: наградата „Караманов 2020„ за најдобра необјавена книга од македонски автор, која ја доби истакнатата македонска писателка и книжевен теоретичар – Кристина Николовска за поетскиот ракопис „РАЗДЕН„, како и еминенентите поети Маи Ван Фан од Виетнам и Раед Анис Ал – Јиши од Саудиска Арабија кои се носители на интернационалната награда за поезија „Ацо Караманов„
Центарот за култура Ацо Караманов Радовиш е издавач на оваа антологија, како и на наградената книга Разден, но и на заедничката книга на Маи Ван Фан и Раед Ал – Јиши под насловите МАИ ВАН ФАН – Новогодишно бањање и РАЕД АНИС АЛ ЈИШИ – Зачуден барут.
Препевот на поезијата од двајцата поети во оваа книга од англиски на македонски јазик го направи писателката проф Д-р Даниела Андоновска Трајковска, која, воедно е и автор на поголемиот дел од препевите на застапените поети од странство од англиски јазик на македонски јазик.
