НАГРАДАTA „КАРАМАНОВ 2021“ ЗА НАЈДОБРА НЕОБЈАВЕНА ПОЕТСКА КНИГА ОД МАКЕДОНСКИ АВТОР ЈА ДОБИ ХРИСТО ПЕТРЕСКИ ЗА КНИГАТА „ПЕРГАМЕНТ“

ОУ Центар за култура „Ацо Краманов Радовиш

Совет на 48 Караманови средби

Жири комисијата за избор на најдобра необјавена поетска книга од македонски автори што пишуваат на македонски јазик по конкурост на 48 Караманови поетски средби во состав: Борче Панов, проф. Д-р Даниела Андоновска Трајковска и Јовица Илиќ, со едногласна одлука за најдобар ракопис го избраа ракописот под наслов ПЕРГАМЕНТ од Христо Петрески.

На анонимниот конкурс за наградата „Караманов 2021“ оваа година се јавија 40 поети со 40 необјавени поетски ракописи. Од сите нив се изделија два ракописи: „Пергамент„ од Христо Петрески ( под шифра Елеватор) и „Зборови од хартија„ од Милчо Мисоски (под шифра Луна). На крајот, жирито се одлучи за ракописот Пергамент од Христо Петрески во која Петрески прави еден возбудлив мост што се извива од пракарпите на старото семе при што не се знае точно кој нè засеал и засадил, или пресадил, но тој точно го утврдува растежот и родот низ вековите и токму во зборот на нашите поетски великани Блаже Конески, Анте Поповски и Гане Тодоровски ја наоѓа поткрепата дека ќе раснеме и преку небиднината.

Овој мост повеќезначно се спушта на брегот од нашите секојдневија каде што Петрески изградил впечатливи слики за нашите тегоби, но и убедувањето дека пак ќе биде сето тоа што треба, но и мора. Преку метафората на лилјакот што ни слетува и во интимата на урабаниот неспокој тој повторно ја пронаоѓа надежта дека и тие што како лилјакот се „слепи„ постојано ќе ја бараат светлината во темнината и слепилото на ноќта ќе го претвораат во ден.

ОУ Центар за култура „Ацо Краманов Радовиш

Директор

Изабела Ангелова

Совет на 48 Караманови средби

Претедател

Борче Панов