Клаудија Пичино (Claudia Piccinno)

Клаудија Пичино е италијанска поетеса, објавена во над 100 антологии, а била и член на жири комисии за доделување значајни национални и интернационални книжевни награди. Пичино е национален раководител за Европа за Светскиот фестивал на поезијата (World Festival Poetry), ја промовира истанбулската култура во Италија како амбасадор на асоцијацијата „Ист Санат Арт“ (Ist Sanat Art Association). Има објавено 34 книги поезија меѓу кои има нејзини авторски книги, но и преводи на италијански јазик на познати поетски имиња ширум светот. Добитник е на многу награди за својата работа. Уредник е на меѓународните книжевни списанија „Papirus“ (Турција) и „Atunis“, но и на италијанското списание „Gazzetta di Istanbul“ коешто се печати во Истанбул. Добитник на Интернационалната награда за поезија „Ацо Караманов“ 2021.

Антје Стен (Antje Stehn)

Антје Стен е поетеса и визуелен уметник. Родена е во Германија, а живее во Италија. Од 1990 ја промовира својата работа во Европа и САД интегрирајќи ја поезијата со уметноста. Дел е интернационалната организација “Poetry is my Passion” во Милано и организатор на транскултурни настани. Го уредува меѓународниот поетски блок “Milano, una città mille lingue“ за поетското списание TamTamBumBum. Од 2019 е дел од  интернационалното поетско движење Realismo Terminaleосновано од Giudo Oldani, а од 2020 год. е дел од научниот одбор на Малиот музеј на поезијата во Пјаченца (Piccolo Museo della Poesia di Piacenza).

Мансур Нурбакаш (Mansour Noorbakhsh)

Мансур Нурбакаш (Mansour Noorbakhsh) пишува и објавува поезија и проза и на англиски и на персиски јазик.  Неговата книга  “In Search of Shared Wishes” е објавена во 2017 година. Се обидува  да биде гласот на слободата, човековите права и природата. Ги претставува современите кандски поети на неделната програма на персиското радио  https://persianradio.net

Константин Северин (Constantin Severin)

Константин Северин (Constantin Severin) е романски посател и визуелен уметник, основач на Архетипскиот експресионизам и негов поборник, високо ценето глобално уметничко движење, кој тој го основал во Буковина во 2001 год. Дипломирал на Универзитетот во Ајова на меѓународната програма за креативно пишување, а има објавено 10 книги поезија, есеи и фикција. Негови дела се објавувани во: World Literature Today, Artdaily, Trafika Europe, the Poet, It’s Liquid, Levure Litterature, Empireuma, Contemporaneul, Vatra и многу други меѓународни уметнички и книжевни списанија. http://constantinseverin.ro/

Глорија Миндок (Gloria Mindock)

Глорија Миндок (Gloria Mindock) е уредник во Cervena Barva Press. Авторка е на 6 поетски книги, 3 малечки книги и книга за деца. Нејзината поезија е е преведена и објавена на 12 јазици. нејзината најнова книга Пепел (Glass Lyre Press)ја доби значајната меѓународна награда the NYC Big Book Award и Firebird Speak Up Talk Radio Award. Книгата е преведена на спрски јазик од Милутин Ѓуричковиќ и е објавена во Белград во 2021 год. Глорија е поетеса лауреат во Сомервил, МА во 2017 и 2018. www.gloriamindock.com

Игет Бертранд (Huguette Bertrand)

Игет Бертранд (Huguette Bertrand) е меѓународна француско-канадска поетеса и уредник од Канада. Пишува и уредува поезија на француски 38 години, а има објавено 39 поетски книги.  Незјината поезија е објавена во многу меѓународни списанија и преведена на повеќе јазици. Има учествувано многу поетски читања, промоции, уметнички изложби на нејзина поезија заедно со познати уметнички дела во Квебек и Франција. Таа е претставник од Канада на меѓународното движење IMMAGINE & POESIA (Италија) и уредник на дигиталните антологии на истото движење од 2014.

Димитрис П. Краниотис (Dimitris P. Kraniotis)

Димитрис П. Краниотис (Dimitris P. Kraniotis)  е наградуван грчки поет роден во 1966 година во Стомио (Лариса), Централна Грција. Студирал медицина во Солун, а живее и работи во Лариса како доктор – интернист. Автор е на 9 поетски книги објавени во Грција и странство. Главен уредник е и на една поетска антологија на англиски јазик.. Има добиено повеќе поетски награди, а преведен е на 25 јазици. Има почесен докторат во Италија, бил претседател на 22 Светски конгрес на поетите во грција 2011, претседател на Друштвото на светски поети (WPS), директор на Медитеранскиот поетски фестивал вво Лариса, амбасадор на движењето „ Poetas del Mundo“, член на ПЕН Грција,… http://www.dimitriskraniotis.com/

Божена Елена Мажур-Новак (Bozena Helena Mazur-Nowak)

Божена Елена Мажур-Новак (Bozena Helena Mazur-Nowak) е полјачка која од 2014 година живее во Обединетото Кралство. Има објавено 9 поетски книги од кои 4 на полски и 4 на англиски јазик и една на телугу јазик.  Во процес на објавување се нејзини поетски книги на хинди, грчки, руски и арапски јазик. Автор е и на две новели и неколку збирки со кратки раскази. Објавена е во над 100 антологии и списанија. Добитник на повеќе награди.  Нејзината поезија е преведена на повеќе од 20 јазици.

Адел Козам (Adel Khozam)

Адел Козам (Adel Khozam) е поет од Обединетите Арапски Емирати и неделен колумнист. Неговите песни се преведени на неколку јазици. Неговиот роман со наслов “Life in Third Eye” којшто е преведен на англиски јазик има добиено Златен медал за литература. Објавил 15 книги поезија, проза, мудрости и уметност. Има компонирано неколку композиции за театарски претстави и телевизиски емисии и има добиено повеќе пати музички награди од фестивалот за детски театар Шарјах (Sharjah Festival of Child Theatre).

Елдар Акхадов (Eldar Akhadov)

Елдар Акхадов (Eldar Akhadov) е руски поет, прозаист и книжевник, копретседател на Советот за литература на Здружението на Евроазија, почесен член на Друштвото на писатели на Азербејџан, член на руската гранка на интернационалниот ПЕН клуб, Друштвото на писатели на Русија и Јужноруското здружение на писатели (Украина), на Руското географско здружение. Автор е на 67 поетски и прозни книги, лауреат на  Државната книжевна награда на гувернерот на  State Literary Prize of the Governor of the Јамало-Ненецкиот автономен округ (2017), носител на индививидуален грант од Краснојарк (2008), како и Сребрено перо – Русија (2007), “For the good of the world” (двапати – 2012 и 2013), “The North is a country without borders” (два пати – 2017 и 2018). Неговите книги се обавени во Русија, САД, Мексико, Перу, Србија и Индија на руски, англиски, шпански и српски.

Раед Анис Ал-Јиши (Raed Anis Al-JISHI)

Раед Анис Ал-Јиши (Raed Anis Al-JISHI) (поет, преведувач од Катиф, Саудиска Арабија) е дописен соработник на Универзитетот во Ајова, САД (Iowa university-USA), член на одборот за планирање на наставата за образование на наставници на националниот Шангајски универзитет за образование – Тајван. Има преведено 6 книги, а објавено една новела, 9 поетски книги на арапски јазик од кои последната е преведена на француски, и две книги објавени на англиски. „Bleeding Gull: Look, Feel, Fly“ е преведена и на српски, виетнамски и италијански (во Италија има добиено повеќе награди за најдобро преведена книга). Неговата поезија е преведена и објавена на многу светски јазици. Добитник е на интернационалната награда за поезија „Ацо Караманов“ (2020).

Санкар Саркар

Санкар Саркер е индиски автор. Едноставноста е клучна за неговата креативност збогатена со естетика, наука како и митска и емпириска философија. Тој е автор на A New Philosophical Classic: Theory of Love, I love you, Why? Am I only Bastard?, Wings Of Rhythm, Rhythm (во коавторство), A Triangle of Love (во коавторство со д-р Џенет Паскул (Филипини) и Мајкл Форестер (Велика Британија)), Ekoi Britte (збирка поезија на бенгалски јазик), Tumi Keman Achho (збирка поезија на бенгалски јазик), Handful of Dust, како и Dandelion Cadence (во коавторство). Тој е автор на Besides, и уредник на литературното списание BUBBLE, кое се објавува на англиски јазик. Уредник е и на Bridge, антологија на поетски творби од поети од Истокот и Западот, објавена во 2020. Тој ја има добиено и наградата  BANGAGOURAB во 2016 од Кара Кабар.

Џао Лијонг (Zhao Lihong)

Џао Лијонг (Zhao Lihong, Шангај 1952 год.) е поет, прозаист и калиграф, член на Националниот комитет на Друштвото на писатели на Кина, потпретседател на Шангајското друштво на писатели и почесен претседател на Шангајската издавачка куќа за лиутература. Дипломирал на кинеска книжевност и работи како професор по модерна литература и креативно пишување. Има добиено значајни книжевни награди како на пример Златен клуч во Смедерево 2013 и поетската награда Михаил Еминеску во 2019. Автор е на повеќе од 90 книги поезија, проза, новели и репортажи, а преведен е на повеќе јазици.

Жермен Дрогенброт (Germain Droogenbroodt)

Жермен Дрогенброт (Germain Droogenbroodt) е меѓународно признат поет, преведувач, издавач и промотор на меѓународната модерна поезија. Пишува кратки приказни, литературни критики и поезија и има објавено 14 книги објавени во 19 земји. Основач е на Белгиската издавачка куќа  POINT Editions во која објавил над 80 поетски книги, организирал неколку поетски фестивали во Шпанија, потпретседател е на Михаил Еминеску академијата во Роамнија, коосновач и советник на Италијанското Poetry & Discovery, и основачки претседател на шпанската културна фондација ITHACA. Го покренал движењето Poetry without Borders, објавувајќи песни на реномирани поети еднаш неделно на повеќе од 30 јазици. Тој е наградуван поет и редовен учесник на најпрестижните поетски фестивали во светот. Бил номиниран за Нобелова награда за литература во 2017.

Сабрина де Канио (Sabrina De Canio)

Сабрина де Канио (Sabrina De Canio, Пјаченца Италија) е наградувана и мешународно призната поетеса, професорка по литература, преведувачка и кодиректорка на Малиот музеј на поезијата „Сан Кристофер“, Пјаченца, единствениот од овј вид во светот. Нејзината билингвална книга “Libera nos a malo” (Deliver us from evil) која беше наградена во Камајоре, Италија е обајевна во 2020 година.

Учесници и видео обраќања на учесниците од 47. Караманови поетски средби